
Марш за правата на жените
Отфрлање на насилството и стереотипите околу жените во општеството. Ова беа пораките кои беа испратени по повод осми март, денот на жената, на маршот на кој маршираа жени од различни професии од Жена Паркот до плоштадот Филип Втори во центарот на Скопје.
Снешка Илиќ од здружението Реактор-истражување во акција, ги посочи доеничката смрт, здравствената заштита и немањето матични гинеколози на локално ниво, третманот на жените во породилните сали, како пропусти на системот.
Целта на маршот, како што велат организаторите, е да се подигне свеста на јавноста, но и на носителите на одлуки, за нееднаквата положба во која се наоѓаат жените во нашето општество во 2018 година.
На Маршот свое присуство имаше и премиерот Зоран Заев, како и министрите Радмила Шеќеринска и Мила Царовска.
Вицепремиериката и Министерка за одбрана, Шеќеринска истакна дека застапеноста на жените во политиката е значително зголемена во споредба со минатото, а Владата ќе работи на тоа и во иднината.
Активистките на денешниот марш го осудија и насилството врз жените, кое се толерира и прикрива во нашето општество, а дисккутабилно е и како се казнува кога ќе биде откриено.
Маршот го организираше Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права.
Петар Догов