
Марш на „За Европска Македонија„ низ центарот на Скопје
Со знамиња на Македонија и Европската унија, транспаренти, маици и беџеви „За Европска Македонија„,граѓани од цела Македонија маршираа низ центарот на Скопје, предводени од владејачката коалиција. Маршот заврши пред седиштето на Европската комисија, каде премиерот порача дека е патриотизам да се осигури иднината на државата со ЕУ и НАТО. „.
Со гласањето „за„, рече Заев, ќе се обезбеди иднината на децата и младите, перспективата на државата, доброто образование и здравство и повисокиот стандард. Со влезот во ЕУ и НАТО, пак, најави големи инвестиции и пад на невработеноста и миграцијата од земјава. Порача и дека, договорот со Грција е фер и праведен, дека со него и двете страни добиваат.
Заев го повика и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да му се придружи и заедно да застанат, да одработат за Македонија и за нивните деца. Порача дека, друга алтернатива за државата нема.
Претседателот на Собранието, пак, наброја три главни причини зошто треба да се гласа „за„, на референдумот.
На собирот, на кој дојдоа луѓе од цела Македонија, се обратија и новинарот Томислав Кежаровски и актерката Сања Арсовска, кои порачаа дека, влезот во ЕУ гарантира и слобода на медиумите, правна сигурност и подобри можности за студирање на младите во странство.
Далиборка Дејманска