Марковиќ: Заев да си види зошто немаше навремена потерница по Груевски

Црна Гора нема обврска да се грижи осудениот екс-премиер Груевски да не изврши бегство, туку дека тоа е задача на Македонија, рече црногорскиот премиер, Душко Марковиќ, за време на гостувањето во црногорската телевиција РТЦГ.

Неговата реакција следува по изјавата на македонскиот премиер Заев, кој јавно се запраша како е можно четири земји – пријатели на Македонија, дозволиле бегство на Груевски преку своите територии.

Во контекст на својот одговор, премиерот Марковиќ додаде дека Груевски низ Црна Гора поминал целосно законски, со лични документи, порачувајќи му на Заев да се позанимава со прашањето – зошто потерницата по Груевски не била на време распишана.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ