
Мaрко Трошановски: Лидерска средба погрешен инструмент за догoварање избори
Најавената лидерска средба по 10 мај не е инструмент кој треба да одлучи дали ќе се оди на избори или не во Јуни, велат политичките аналитичари. Со распуштен парламент таа одлука треба да ја донесе техничката влада, но не пред завршувањето на пандемијата, е ставот на МАрко Трошановски од институт за демократија.
Од друга страна, пак, доаѓаат предупредувања до владата да не се осмели да понуди датум за избори пред да заврши пандемијата. Според политичкиот аналитичар Сашо Клековски, не смее вештачки да се подготувава терен за избори ако државата и светот сеуште се под ригорозни мерки заради болеста Ковид-19. Прво треба да се даде шанса на економијата да почне да заздравува, а потоа да следат избори.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ гради тврд став дека не е време за избори, обвинувајќи ја владеачката партија дека подготувва изборен фалсификат.
16 мај е датумот кога истекува вториот турнус од вонредната состојба, по што владата продолжува како техничка, без активно собрание. Во телевизиско гостување претседателот на државата Стево Пендаровски најави дека нема да ја продолжува вонредната состојба. Сеуште продолжуваат препирките на партиите дека вонредната состојба ја поништила или не одлуката на Талат Џафери за распишување избори и сега тој треба да одреди нов датум. Изборните дејствија се прекинати 24 дена пред денот на одржување на избори ,а Уредбата на Влада остана како псоелден пишан документ дека изборите продолжуваат од денот на престанокот на Вонредна состојба.
Павле Беловски