Маркез им се врати на победите, доминација на Шпанците во Асен

Шпанецот Марк Маркез на „Хонда“ ја обезбеди четвртата победа сезонава или вкупно 39 во кариерата во најсилната Мото ГП класа од Светскиот шампионат во мотоциклизам откако беше најбрз на трката што се возеше во Асен за Големата награда на Холандија.

Актуелниот првак стартуваше од полпозицијата и по пауза од две трки одново се искачи на највисокото место од победничкиот подиум кој го подели со уште двајца сонародници Алекс Ринс на „Сузуки“ и Маверик Вињалес на „Јамаха“ кои го освоија второто односно третото место.

По осум трки, Маркез остана лидер во Генералниот пласман со 140 бодови, зголемувајќи ја предноста на 41 бод во однос на второпласираниот Италијанец Валентино Роси на „Јамаха“, кој заврши петти. Вињалес има 93 бодови на третата позиција.

Шампионатот во мотоциклизам ќе продолжи за две недели, на 15 ти јули, кога на патеката „Захсенринг“ ќе се вози за ГН на Германија.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ