
Маратонските рочишта за „крвавиот четврток“ во корист на обвинетите, сметаат судијката и обвинителката
Гарантирано е правото на правично судење, сметаат и судијката Добрила Кацарска и обвинителката Вилма Русковска во случајот за крвавиот четврток. Денешното рочиште Кацарска го започна со одговор на обвинувањата од адвокатите и од коалицијата за правично судење поради маратонските рочишта со кои таа раководи. Се повика на европската конвенција за човекови права, Цитираше пресуди од европскиот суд за човекови права во кои не смее обвинетите да се стават во состојба на несигурност. Истакна дека должината на рочиштата зависи и од низа околности но и од однесувањето токму на обвинетите. И обвинителката Вилма Рускоска го дели истото мислење, дека со оглед на обемноста на предметот динамиката е добра.
До сега во процесот сведочеа повеќе од 20 сведоци, секое траеше не помалку од 2 часа но имаше и такви од по 6 часа, а во петокот се одржа и најдолгото рочиште од 10 часот утрото па се до полноќ. Реагираа и адвокатите и коалицијата за правично судење дека на овој начин одбраната и обвинетите не можат да се подготват и концентрираат. По сослушувањето на сведоците на обвинителството се очекува да сведочат и оние кои ќе ги предложи одбраната. Меѓу нив на предлог на адвокатите на Александар Василевски Нинџа е повикан и екс премиерот Никола Груевски. Во обвинението е посочено дека токму Нинџа разговарал со обезбедувањето на Груевски по што почнала акцијата во собрание.
Инаку денеска сведочеше Ацо Анѓеловски кој беше обезбедување на Оливер Спасовски на 27 април. Раскажа дека во обиколка на собранитео критичниот ден забележал многу помалку полиција од претходно. Кога се распрашал дознал дека од тој ден користат заостанати годишни одмори. Кога започнале нередите истрчал во прес салата и застанал во одбрана на пратениците. Толпата кога нагло почнала да ги напаѓа првен викнал стој полиција по што испукал куршум. Поради ова бил истепан и двајца од кој еден негов колега се обиделе да му го одземат пиштолот. Потврди дека кога го спасувале во болничкото комбе се него бил еден од обвинетите Мунир Пепич.
Билјана Николовска