
МАР контра Бектеши за измените на законот за минерални суровини
Непрецизен, нелогичен, со груби превиди, отвора можност по субјективно мислење да се одземаат концесии во земјва.
Вака Македонската асоцијација за рударство ги оцени измените во Законот за минерални суровини на министерот за економија Бектеши со кои се овозможува едностран раскин на договорите за концесија, доколку има реакции од локалното население.
Бараат итно повлекување на предлогот од собраниска процесура и стратегија- државата да се одлучи дали воопшто сака да има рудници во земјава.
Знаете имаме мислења се собрале одреден број на луѓе, конкретно кај нас не заради тоа што животната средина е таква туку затоа што не сме примиле некој на работа, не сме изглегле во пресрет и тоа можат да се организираат луѓето и да донесат одлука за раскинување на концесијата. Мислам дека има груби превиди и доколку овој закон се донесе во собранието тој ќе значи влошување, и понатамошно одбивање на инвеститори- вели Николајчо Николов, претседател на Македонската асоцијација за рударсво
Министерот Бектеши минатата недела можноста за едностран раскин на договорот за концесија ја правдаше со многу претставки кои ги добивале од локалното население.Ја отфрли можноста од субјективизам во одлуките. И рече дека целта е да се најде долгорочно решение во случај кога е загрозена безбедностѕа и здравјето на локалното население.
Но со ова се дава можност и концесионерот да има право во случај на направен инвестиција да доставува барање да се откаже од тој локалитет, а да бара друг локалитет каде што нема да има проблем со населеното место, вели Бектеши.
Оваа можност на министерот, за концесионерите е нелогична.
„Тоа и да е куќа не е можно а камо ли рудник. Знаете рудникот си е таму поставен оти таму има руда“, тврди претседателот на македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов.
Апелираат пратениците да не го гласаат законот, а државата доколку го донесе да најде алтернатива оти во земјава има околу 400 концесии за рудници, во кои работат 12.000 луѓе и се остварува извоз од 300 милиони долари годишно.
Александра Филиповска