
МАНУ прогнозира максимум 1 100 заразени од корона вирусот на почетокот на мај
Со масимален број од околу 1100 заразени, на почетокот на мај, Македонија ќе го достигне пикот на епидемијата со Ковид 19. Вакви се прелиминарните истражувања на МАНУ за сотојбата со корона-вирусот во земјава.
Прогнозите на академиците се пооптимистички од оние на здратвените власти, кои пикот го очекуваа кон крајот на април со двојно повеќе заразени,односно околу 2000. Повеќе за анализата на МАНУ од претседателот на академијата, Љупчо Коцарев. Со него разговараше Нина Стефанова.