МАНУ: Македонскиот јазик има интегративна функција

Македонскиот јазик треба да ја задржи својата интегративна функција. Употребата на другите јазици треба да се одвива преку културна соработка, взаемно дружење, заеднички културно-уметнички и научни проекти а не со казни и инспекции. Ваков став има Претседателството на МАНУ, како што изјави претседателот на МАНУ Таки Фити по годишното Собрание.

Академик Катица Ќулафкова побара и Собранието на МАНУ да заземе став околу Законот за јазиците на посебна затворена седница. Бидејќи тоа не се случило, таа го пласира својот личен став: Законот за јазиците ја ревидира употребата на македонскиот јазик.

Прашањата околу постапката во која е донесен Законот за јазиците Фити им ги препушта на Уставниот суд.

Законот за јазиците беше донесен минатата среда без амандманска расправа, со остро спротивставување на опозицијата. Претседателот Иванов најави дека по втор пат нема да го потпише.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ