
МАНУ и БАН го поздравија договорот за името
Потпишувањето на Договорот за решавање на спорот за името, помеѓу владите на Македонија и Грција, е од исклучитено значење не само за двете земји туку за перспективите на целиот Балкан, сметаат МАНУ и БАН. Според претседателот на МАНУ Таки Фити, потпишанот Договор е компромис во интерес на иднината на државата и идните генерации, дотолку повеќе што со него се признава и потврдува посебноста на македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик и култура. Договорот, рече Фити, ги отвора евроатлантските перспективи за земјата но и економски пазар од половина милијарда жители што ќе ја придвижи земјата напред.
Потпишувањето на македонско – грчкиот договор го поздрави и БАН, која смета дека тој е од исклучително значење за иднината и стабилноста на регионот.
-Ќе се радуваме да се реши тој спор бидејќи тоа е пречка која која треба да се надмине за да може Македонија да зачекори сигурно по европскиот пат. Приоритет на Бугарија за време на нејзиното претстедателство со ЕУ кое завршува за неколку дена интерграција на Западен Балкан во Европа, бидејќи тоа е единствен начин и единствен пат, да живееме заедно во мир и стабилност и да немаме проблеми, вели Јулијан Ревалски – БАН.
Претседателите на Македонската академија на науките и уметностите и на Бугарската академија на науките, Таки Фити и Јулијан Ревалски потпишаa договор за соработка. Како што информираа денеска во Охрид, станува збор за Платформа со која академиите ќе помагаат во реализацијата на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Горан Момироски