Манојловски ја напушти собраниската комисија лут зашто му го претресувале возилото

Лут зошто полицијата  му го претсесувала возилото а тој бил пратеник, Горан Манојловски во знак на револт ја напушти работата на Комисијата за труд и социјална политика. Нема да се врати во собраниските клупи се додека не добие официјална информација зошто бил претресуван на кружниот тек во Ѓорче Петров.

По неговото заминување претседателката на Комисијата Весна Пемова  ја прекина седницата поради немање кворум.

Од МВР велат дека  полициските службеници биле поставени на позиција на кружниот тек  поради претходно извршено кривично дело, грабеж на банка во Сарај  , при што се извршени проверки на повеќе возила меѓу кои и на пратеникот Манојловски, без притоа да знаат дека станува збор за пратеник. По извршената проверка му било дозволено да си оди без никакви проблеми. Манојловски е граѓанин како и сите други во државата а законите важат подеднакво за сите велат од МВР.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ