
Манипулации со минимална плата во текстилната индустрија
Почнуваат манипулациите со исплатата на зголемената минимална плата. Текстилни работнички од две конфекции во Делчево се пожалиле до невладината Гласен Текстилец дека од 1 јануари нема да добиваат топол оброк и бесплатен превоз од домовите до конфекциите. Сопствениците ова им го соопштиле вчера. Инаку правото на топол оброк и на превоз е укинато од пред десет години и се влезени во бруто платата, а досега ги добивале со цел да ги привлечат и работат за нив.
Граѓанскиот сектор и Сојузот на синдикатите денеска во Штип си подадоа рака. Сметаат дека само заеднички ќе можат да ја добијат битката за колективниот договор во приватниот сектор.
Правото на хранарина и превоз е укинато од пред десет години и се влезени во бруто платата. Граѓанскиот сектор и Сојузот на синдикатите се вклучени во донесување на новиот Закон за работни односи, на кој се работи веќе една година, а Ампева и Димовски очекуваат да се донесе наредната година, по изборите.
Викторија Димитрова Јованова