
Манифестацијата „Запознај ја Преспа“ втор ден го раздвижи регионот
Со традиционалната вело тура “Тур де Галичица“ втор ден продолжува манифетстацијата „Запознај ја Преспа“. На традиционалната велосипедска тура “Тур де Галичица” која по шести пат се вози на оваа планина земааа учество преку 200 домашни и странски учесници по патека долга 70 километри. Годинава патеката ќе биде на врвот Магаро која води по најубавите предели на планината. Во меѓу време волонтерите на Еко-герила со поддршка на Агенцијата за млади и спорт го чистеа преспанското крајбрежје во околината на Отешево и беа засадени неколку дрвја.
Домашните и странските туристи, но и локалните жители денеска на плажата во Дупени имаа можност да ги откријат убавините на преспанскиот регион, културата, храната, традицијата на манифестацијата „Запознај ја Преспа“, што прв пат годинава се одржува во организација на Општина Ресен, Рурални жени и Prespa Bike. Манифестацијата “Запознај ја Преспа” продолжува и денес во текот на целиот ден со низа настани во Отешево и Дупени.
Нина Стефанова