
Мандатот на Груевски и реконструкција на влада на иста собраниска седница
Нема никакви формални пречки на иста собраниска седница да се расправа за одземање на мандатот на Груевски и реконструкција на владата.
Собранискиот спикер Талат Џафери очекува тоа да се случи во периодот од 10 до 14 јуни.
Како политичка одлука го оцени вчерашното однесување на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која воопшто не гласаше на седницата на Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ очекува пратениците да ја почитуваат одлуката и на пленарна седница да гласаат за одземање на мандатот на Груевски.
Премиерот Заев вели дека нема да трча да обезбеди 2/3 мнозинство.
Во меѓувреме течат преговорите за кадровските решенија во Владата.
Заев тврди дека партнерските односи со ДУИ се стабилни а довербата меѓу двајцата лидери е голема.Свесни се дека имаат слаби кадри во нивните редови па затоа бараат решенија.Новите функционери ќе се промовираат во средината на јуни.
Јулијана Пешевска