Манчевски: Партиите да ги тргнат рацете од медиумите

Комисијата за европски прашања ќе ги земе предвид забелешките на предлог Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои беа дадени на расправата. Целта на законот кој е дел од пакетот реформски закони, направени по препораките на Прибе, е да се обезбеди независен, ефикасен, транспарентен и отчетен, јавен радиодифузен сервис и отчетно регулаторно тело.

Иван Мирчевски во име на  Македонската медиумска асоцијација побара да се приспита членот 150 кој предвидува драконски казни за управителот и за медиумот доколку се прекршени некои законски одредби во делот на емитувањето на програмата. Спорна е и одредбата која се однесува на финасирањето на МТВ.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски смета дека во праксата неприменлив ќе биде членот 13 кој предвидува намалување на надоместокот на лиценца за 30% за оние трговски радиодифузни друштва кои ќе се пријават дека ќе  емитуваат музика  на годишно ниво.

Смилка Јаневска Саркањац од програмскиот совет на МТВ упати забелешки на начинот на избор на членови на Советот. Смета дека досегашниот избор бил добар, а одговорноста за програмата на собранискиот канал треба да ја има Собранието. ЗНМ бара поголем буџет за МРТВ, затоа што смета дека само на тој начин може да се реформира јавниот радиодифузен сервис. Министерот за информатичко општество возврати, потребна е целосна професионализација и деполитизација на медиумскиот простор.

Се очекува предлог законот да се најде на дневен ред пред пратениците идната недела. За негово носење неопходно е просто мнозинство, додека за изборот на членовите на програмскиот совет на МТВ и на Агенцијата за медиуми неопходо е двотретинско монозинство.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ