
Манчевски: Опозицијата ги кочи реформите во медиумите
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ја обвини опозицијата дека со месеци го блокира усвојувањето на законот за адуио и аудиовизуелни медиумски услуги и со ова темпо законот би бил усвоен дури по две и пол години.
Тој имаше замерки и околу содржината на поднесените амандмани на опозицијата.
Според Манчевски тоа се должи на тоа што голем дел од членовите советите на МРТВ и АВМУ биле партиски функциопнери од опозициската партија.
Реформата во медиумите и департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис и регулаторното тело, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е една од клучните реформи кои беа побарани од Владата. Суштинските измени се однесуваат на изборот на управните тела и директори на Македонска радиотелевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Законот за медиуми требаше да биде донесен минатата година но неговото носење константно се пролонгира поради односот на опозицијата кој е на штета на националните медиуми.
Огнен Чанчаревиќ