Манастирскиот комплекс во Лешок чека реставрација

Во пресрет на утрешниот празник Успение на пресвета Богородица во манастирскиот комплекс во Лешок верниците и посетителите и оваа година ќе ја видат истата слика. Иако се изготвени проекти за реставрација на манастирската црква и конакот, тие не се ниту чепнати.

Храмот света Богородица еден од ретките по својата архитектура и фрескоживопис на повеќа места прокиснува, фреските се ронат. Во лоша состојба се наоѓа конакот. Од тетовското архирејско намесништво, велат дека немаат право на никаква интервенција затоа што и двата објекти се заштитени со закон. Досега од Министерството за култура добивале само ветувања, дека ќе се започне со реализација на проектите.

Во април годинава од Министерството за култура рекоа дека двата проекти за реставрација на конакот и манастирската црква ќе се реализираат во наредните неколку години, а градежни зафати се планираат и годинава.

Во таа насока, за тековната 2019 година, планирано е превентивно да се интервенира на санирањето на покривите од камени плочи на трите апсиди на црквата. Тоа подразбира поставување на времен покрив заради обезбедување на соодветни услови за изведба на конзерваторските зафати на архитектурата и живописот, изјавија од министерството за култура во април годинава

Но досега не се изведени никакви активности и на двата објекти

На забот на времето оставена и е црквата Сети Атанасиј над патот кон село Брезно која е иста така заштитена со закон и е во сотав на Лешочкиот манастир. Ѕидовите се рунирани подот речиси го нема, а внатре нема никакво црковно обележје

Зоран Димовски

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ