
Малолетник прегази маж во Тетово
Тринаесет годишен малолетник прегази 76 годишен пешак од Камењане управувајќи без дозвола патничко возило Рено клио со тетовски регистарки ознаки.
Од СВР Тетово велат дека при сообраќајните контроли голем дел од учесниците се без сообраќајна возачка дозвола.
На годишно ниво се регистрираат по околу 15.000 возачи кои возат без положен возачки, неретко дел од нив се малолетници.
Извршен е увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител и се работи на целосно расветлување на случајот.
Зоран Димовски