
Малите партии бараат итни измени на Изборниот законик
Итна реформа на изборниот модел, отворени листи и намалување на бројот на изборни единици бараат помалите политички партии. Апелираат владејачките партии час поскоро да ги подготват измените на Изборниот законик и да ги достават до Собранието. Во спротивно повторно ќе бидат принудени да прават коалиции и да зависат од нив. ДОМ бара една изборна единица, додека БЕСА и Алијанасата за Албанците предлагаат да има три изброни единици.
Премиерот Заев уверува дека ќе се исполни ветувањето на СДСМ од 2016 година и на изборите ќе им се даде поголема шанса на помалите партии да имаат повеќе пратеници во Законодавниот дом.
ВМРО-ДПМНЕ се уште нема изградено став дали ќе подржат или не намалување на бројот на изборни единици.
Пропорционалниот изборен модел со отворени листи е препорака од ЕУ и ОБСЕ/ОДХР а неодамна подршка доби и од претседателот Стево Пендаровски кој смета дека е добро за демократијата да има помал број изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови.
Јулијана Пешевска