Мали се шансите за лидерска средба за закон за ЈО

Мали се шансите за лидерска средба за Законот за јавно обвинителство.Нема напредок во преговорите, работните групи не заседаваат ниту пак има неформални средби.

ВМРО ДПМНЕ го обвинува министерството за правда дека е незаинстересирано за компромис и неповедување иницијатива за средби на работните групи.

И додека е блокирано носењето на нов Закон за Јавно обвинителство,од друга страна  се интензивираат преговорите за измени на Избониот законик. На маса е ставен предлогот за една изборна единица со отворени листи. Ќе се разговара и за составот на ДИК, начинот на финансирање на изборната  кампања и ажурирањето ан Избирачкиот список.

Очекувањата се дека е можно да се постигне договор за  ова прашање со што  измените ќе се стават на дневен ред на собраниска седница.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ