Малески: Очекувам промена на размислувањата на ВМРО ДПМНЕ по посетата на Меркел

Посетата на германската канцеларка Ангела Меркел  и нејзините пораки за референдумот ќе имаат силно влијание во креирањето на јавното мислење, оценува универзитетскиот професор и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески. Меѓународната заедница е заинтресирана за стабилен регион а Македонија да стане дел од НАТО и ЕУ. Тоа може да се реализира само со имплементација на Договорот од Преспа и решевање на 27 годишниот спор за името. Затоа е и повикот за поголема излезност на 30 септември.

Малески очекува од ВМРО ДПМНЕ во наредниот период да ги промени размислувањата за референдумот и да го олеснат целиот процес. Доколку опозицијата евентуално се обиде да предизвика  криза и да скршне од трасата по која се движи земјата тогаш ќе се доведеме во тешка политичка систуација, вели Малески. Но сепак се надева дека разумот ќе надвладее и ќе се постигне национално единство што впрочем го порача и Меркел.

Очекувањата се да се засили дипломатската офанзива во пресрет на раферендумот, а политичките субјекти да се залагаат за визија за мир и Балкан без граници.

 

Јулијана Пешевска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ