Малешевското сирење на пат да стане реткост, како и јагнешкото месо од овој крај на Македонија

Се празнат бачилата во Малешевскиот регион. Семејството на Станка Стратовска од беровското село Русиново имаат само 120 овци. Причините за намалувањето на сточниот фонд во овој регион ги гледа во иселувањето на младите, коишто не се заинтересирани за сточарство.

Сточарите од Малешевијата забележуваат дека нивниот труд не се исплаќа, поради ниската откупна цена на јагнето.

Намалувањето на сточниот фонд, но и иселувањето на младите од живописниот Малешевски регион, во прашање ги доведува двата познати трендови, а тоа се малешевското сирење и јагне.

Низ селата во Берово и Пехчево порано се произведувале и по 20.000 канти сирење, но сега, како што вели Шаклев низ овој регион можат многу лесно да се пребројат стадата овци, бидејќи нема кој да ги наследи сточарите.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ