Макрон сигнализира оптимизам за проширувањето на ЕУ

Хрватска веќе една недела како е на чело на претседателството со ЕУ, по тој повод, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера имаше средба во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон. Пленковиќ му ја претставил програмата на Макрон, а една од главните теми било проширувањето, со оглед на тоа што на самитот во мај, во Загреб, Пленковиќ ќе се обиде да пронајде решение за отворање на преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ.

Се чини дека Макрон е подготвен да ги повлече резервите кон проширувањето доколку до крајот на месецов Европската комисија ја изработи новата методологија за проширувањето, во која ќе бидат земени предвид забелешките и барањата на Париз. Макрон рече дека пред самитот во мај тој ќе ги посети земјите од Западниот Балкан

Пред состанокот, Пленковиќ оцени дека „верува оти може да дојде до еволуција во ставот“ на Макрон. Во текот на овој месец се очекува комесарот за проширување Оливер Вархељи да го претстави предлогот за одредени модификации на методологијата на преговорите, а во февруари ќе бидат објавен дополнителен извештај за напредокот на Северна Македонија и Албанија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ