Македонија Макрон го доработува планот за реформирање на ЕУ
Европа во три круга, вака гласи доработената визијата на францускиот претседател Емануел Макрон за економско, политичко и реформирање во делот на обраната на Европската унија, за надминување на институционалната криза и јакнење на нејзините позиции на глобално ниво. Планот на Макрон не го споменува експлицитно процесот на проширување, но неговиот став е дека Унијата не би можела да прими нови членки додека не се зајакне. Притоа тој споменува период од 10 до 15 години во кои би се спровеле овие реформи.
Симонида Кацарска од Институтот за европски политики вели дека идеи за реструктурирање на Унијата постојат уште од нејзино основање. Макрон сега само ја дава својата визија, која не е докрај доработена и тешко дека би поминала брзо кај европските партнери.
- „За да ја спроведе таа визија мора да го добие консензусотна сите останати, да не одиме на 27, барем на големите земји-членки. И нивната визија не секогаш се совпаѓа со визијата пред се на најголемата земја-членка односно Германија, бидејќи историски тоа е полугата на која што се основа ЕУ и нејзинотот функционирање“, вели Кацарска.
За тоа каде е Македонија и регионот во планот на Макрон, Кацарска вели дека проширувањето не е тргнато од масата, што е неизбежно и од апскет на проста географија, а зад што стои Германија како една од полугите на Унијата.
- „Франција нема голем интерес во проширувањето на ЕУ и тоа е јасно. Прашањето е во овие преговори, ако се навратам на полугата Франција и Германија, е дали Западниот Балкан во одреден момент ќе биде искористен од страна на Франција како преговарачка алатка за да добие нешто од Германија“, вели Кацарска.
Инаку планот на Макрон за три круга на Европа предвидува првиот круг или моторот би била еврозоната во која клучна улога би имале Франција и Германија, во вториот круг, би биле членки на ЕУ обединети во силен единствен пазар, некаде помеѓу пошироката ЕУ и еврозоната, и најширокиот трет круг би била „унија на вредности, демократски принципи и економска слобода“, кој би бил помалку интегративен и би можел да ги вклучува Русија и Турција, доколку ги прифатат стриктните европски демократски вредности.
- „Неговиот предлог е доста храбара во однос на Русија и Турција, но во тоа има премногу отворени прашања за кои самите партнери ќе треба да ги дискутираат меѓу себе. Она што е веројатно, за што појасно се говори, е е таа Европа за која се говори, во две или повеќе брзини“, изјави Кацарска.
Визијата на Макрон смета Кацарска не е комплетно неостварлива, но тешко дека може да се реализира во блиска иднина.
Тамара Грнчароска



