
Макрон бара „повторување“ на етапи за земјите кандидати кои не исполнуваат и застрануваат од европскиот пат
5 страници има нон пејперот на Елисејската Палата со предлогот на Макрон за измени во процесот на пристапување на балканските земји во Европската Унија. Франција предлага постепено зачленување на земјите кандидати во однос на колку од предвидените задачи исполниле. Францускиот предлог предвидува 7 етапи во кои поглавјата за преговарање се поделени врз основа на областа, првата задача на земјите членки се 23-тото и 24-тото поглавје кои се однесуваат на слободите, човековите права и функционална правна држава. Кога определена земја членка, како Северна Македонија ја помине таа прва фаза тогаш оди на наредните етапа, но добива и место на масата со земјите членки за да може да расправа на определени теми, но не како земјите членки. Макрон бара доколку некоја држава во наредните етапи ги прекрши правилата и веќе поминатите задачи да се врати назад, да стои во место или дури и да почне од почеток. Нон пејперот нема многу детали за новата методологија, велат аналитичарите.
Поранешниот министер за надворешни Антонио Милошоски кој и го објави целосниот нон пејпер преку фејсбук, прогнозира дека новата методологија ќе го успори македонското полноправно членство и ќе трае десет до 15 години. За Кацарска пак и патот по старите правила ќе траеше со години.
Нон пејперот е во фаза на разгледување од европските држави, а Франција предлага одлуката за новата методологија да биде донесена до јануари догодина, што според Симонида Кацарска од Институтот за европски политики е многу краток период.
Миомир Серафиновиќ