Макрадули: Се уште се анализира опасниот линдан кај Драчево

Владата не доцни со отстранување на  опасниот линдан кај Драчево, се правда заменик министерот за животна средниа, Јани Макрадули.

Тврди дека досега траеле анализите што да се прави со отпадот, кој беше причина за одлагање на училишни ексурзии на овој простор.

Анализите покажале дека најдобро е да се исчисти линданот, а почвата да биде деконтаминирана.

Телма вчера објави дека излетничкото место Пеленица кај Драчево е забрането за учениците. По наредба на Министерството за животна средина, Министерството за образование им наложи на сите општини во Скопје, основните училишта да не организираат еднодневни екскурзии во местото за кое постои сомнеж дека е депониран токсичниот линдан од фабриката ОХИС.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ