
Макпетрол – Центар Dell ги претстави новостите во портфолиото на Dell EMC
Макпетрол – Центар Dell во партнерство со Dell EMC и Intel ги претстави новостите во портфолиото на Dell EMC.
Макпетрол е единствен партнер на Dell EMC во Македонија со Platinum Partner статус.
Makpetrol|Dell EMC 2018 e ексклузивен технолошки настан во организација на Макпетрол и Dell, а поддржан од Intel. Настан посветен на тоа како да се постигне поголема ефикасност со примена на современа технологија. Пред 120 IT менаџери од најголемите македонски компании беа претставени новостите во ИТ технологијата.