
Макпетрол промовира боци со течен нафтен гас со зајакнати стандарди за безбедно користење
Од денеска на сите бензински станици на компанијата Макпетрол, се продаваат боци со течен нафтен гас , кај кои се зајакнати безбедносните стандарди и мерки за ракување и користење. Се работи за боци, со мешавина од пропан и бутан гасови, што се применуваат во домакинството, индустријата и во занаетчиството.
ТНГ боците се со полнење од 2, 3, 5, 10, 23 и 35 килограми, а има и посебни за виљушкари , со полнење од 23 килограми. Новост кај боците се пластифицираните упатства за безбедно ракување, а наскоро ќе започне продажба и на лимитирана едиција ТНГ боци со клучеви за затегнување на матицата од регулаторот на притисок.
Макпетрол применува најсовремени заштитни мерки за полнење на боците, рекоа од компанијата.