„Макпетрол“ ја реновира бензинската станица на влезот во Прилеп

„Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, информира дека постојано инвестира во обнова на своите бензински станици како и изградба на нови, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти. Од компанијата соопштуваат дека анализирајќи ги потребите на потрошувачите, својот инвестициски циклус компанијата го продолжи со реновирање на постојната бензинска станица на влезот во градот Прилеп. Станицата сега добила современ и функционален изглед, при тоа задоволувајќи ги највисоките пропишани технички и безбедносни нормативи.

Вкупната инвестиција за реконструкција на оваа бензинска станица, наведуваат од „Макпетрол“ изнесува над 80 милиони денари. На бензинската станица се достапни сите квалитетни горива од фамилијата ULTRA на „Макпетрол“, вклучувајќи ги метанското гориво и течниот нафтен гас за возила, а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ