„ Макпетрол“ ја поздрави одлуката на Владата за изедначување на акцизите на екстра лесното гориво и на дизелот

„Макпетрол“ АД ја поздрави Одлуката на Владата за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со акцизата на дизел горивото. Одлуката за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со акцизaта на дизел горивото е во интерес на сите, граѓаните, државата и трговците со нафта и нафтени деривати, се вели во соопштението од компанијата .

-Имено, со изедначување на акцизата ќе запрат злоупотребите кои се прават со екстра лесното гориво, со што ќе почне да се користат поквалитетни горива, кои директно ќе влијаат врз намалување на загадувањето на воздухот, а, исто така, ќе донесе поголеми приходи во државниот буџет, што е битно во овие моменти на економска нестабилност, предизвикана од пандемијата на вирусот COVID-19, потенцираат од „ Макпетрол “.

Од „ Макпетрол“ се надеваат дека пред истекот на важноста на оваа одлука, новиот собраниски состав ќе направи и измени во Законот за акцизи и еднаш засекогаш ќе се реши овој проблем.

  • Во целост ги подржуваме државните институции во носењето на вакви одлуки кои се во интерес на државата и граѓаните, додаваат од компанијата „ Макпетрол“.

 

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ