
Макпетрол ги додели наградите од шестото редовно и третото мастер коло од наградната игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“
Макпетрол денес, во продажно-сервисниот салон на Хонда ги додели наградите од шестото редовно и третото мастер коло од наградна игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“. На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници.
Макпетрол е компанија со долгогодишна традиција, при што континуирано вложува во долгорочни проекти што се од особено значење кога говориме за подобрување на квалитетот на горивата и услугите наменети за нашите потрошувачи. Оваа наградна игра нам ни е особено важна, затоа што имавме можност да ја креираме за нашите верни потрошувачи кои преку користење на нашите горива и услуги веќе се, или ќе бидат добитници на вредни награди. Можеме слободно да кажеме дека ова е една од најголемите наградни игри во Македонија, истакна Мишко Тасевски, раководител на секторот Маркетинг.
Денеска, во рамките на шестото редовно коло беа доделени лап-топ Dell, а како главна награда од третото мастер коло беше доделен четирицикл ATV Honda TRX 500 FM.
Љупчо Георгиевски, директор на дирекцијата за малопродажба истакна дека Макпетрол е лидер на македонскиот пазар повеќе од седум децении, a Компанијата немаше да биде она што е денес без довербата од своите верни потрошувачи. Таа доверба ние од Макпетрол ја возвраќаме преку продажба на современи и квалитетни горива и секако, завидна услуга.
Во текот на целото свое постоење Макпетрол се стреми кон постојан напредок и воведување новитети во своето работење, знаејќи при тоа дека својот деловен успех го должи на довербата и лојалноста на клиентите и на пошироката заедница во која секојдневно активно дејствува. Со 126 бензински станици распоредени во сите поголеми населени места во земјата, Макпетрол е компанија која е најблиску до своите потрошувачи. Макпетрол постојано се прилагодува кон потребите на своите потрошувачи и барањата на современите трендови, a со сигурност така ќе биде и во иднина, додаде Георгиевски.
Од компанијата додадоа дека во шестото редовно коло учествуваа 198.000, а во третото мастер коло речиси 400.000 квалификувани трансакции, но од сите нив само двајца беа среќни добитници на овие вредни награди.
Ненад Миклош, со број на трансакција 395598 беше среќниот добитник на лап-топ Dell, а најсреќниот ова коло беше Томе Николовски, со број на трансакција 284586 кој беше добитник на прекрасниот четирицикл ATV Honda TRX 500 FM.