
МАКПЕТРОЛ – Dell Store прогласен за “Најдобар Трговски Објект за 2018“ во категоријата компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема
Градот Скопје и агенцијата „SWOT Research“, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата по пат на тајни купувачи, и годинава ја продолжија традицијата и го избраа најдобриот трговски објект во Скопје во рамки на проектот „Месец на трговијата”. Плакетите на најдобрите, денеска ги врачи Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.
„Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на град Скопје за 2018 година. Неговата цел е да го поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки, како и да се изврши сондирање на квалитетот на услугите во трговијата во повеќе дејности на ниво на град Скопје. Со задоволство истакнувам дека Скопје има со што да се пофали. Без разлика дали станува збор за бутици, салони за мебел, супермаркети или продавници за домаќинство, ги следиме светските трендови и напредуваме во секој поглед. Ве охрабрувам да продолжите да се борите, иако знам дека не е секогаш лесно. Тука сме за вас секогаш кога ќе ви биде потребна поддршка, бидејќи кога напредувате Вие, напредува и Градот“, рече денеска Тодоров.