Македонското МВР молчи, Албанија и Црна Гора ја објавија рутата на Груевски

Додека една по една земјите од бегалската рута на Груевски откриваат кога и како осудениот макеоднски експремиер ја минал нивната територија, македонските истражни органи се уште молчат. Како Груевски  излегол од државата- дали и со какво возило, дали бил сам или имал помагачи, дали на граничен премин или во зелен појас.

Од министерството денеска не ни одговорија на овие прашања. Министерот Оливер Спасовски од вчера е во Будва каде присуствува, на министерскиот форум на отпорност на Западниот Балкан. Дали разговарал со својот црногорски колега и какви информации добил, од министерството не откриваат.

Медиумите од регионот веќе ги објавија сите детали – возилата регистарските таблички но и имињата на дипломатите кои го придружувале Груевски низ бегалската авантура. Од Албанија во Црна гора Груевски влегол со возило „Фолкваген џета“ со дипломатски регистарски таблички Ц де 1023 на унгарската амбасада и во друштво на Клусар Антал и Варсалваи Шаба кои имале дипломатски пасоши.

Од Црна Гора во Србија влегол со автомобил со регистарски ознаки 55А05 во кој биле Часар Јозеф Золтан и Фелеѓази Шаба, кои се и носители на дипломатскиот пасош на Унгарија пишува црногорски Вјести, повикувајки се на официјалната веб-страница на унгарската амбасада во Подгорица посочува и дека Золтан е заменик амбасадор на Унгарија во Црна Гора, а Шаба конзул.

Албанија и Црна Гора официјално потврдија дека Груевски минал низ нивната држава со образложение дека во тој момент немало меѓународна потерница за Груевски. Но, од Србија се уште молк. Од министерстовто за внатрешни на Србија до сега официјално не се огласија а нема одговр ниту на нашите прашања како Груевкси ја минал Србија и влегол во Унгарија.

Елана Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ