Македонското и Турското Собрание се соочуваат со исти предизвици

Џафери потсети на настаните од 27 април 2017 и положи цвеќе кај делот од Парламентот на Централното Собрание на Турција во чест на загинатите од обидот за државен удар во јули 2016.

Кахраман го поздрави предлогот на Македонското Собрание за надминување на спорот мегу Софија и Анкара и за ротирачко седиште на Секретаријатот на Парламентарното Собрание за Југоисточна Европа. Најави натамошна интензивна поддршка за интегративните процеси на земјата, посебно кон НАТО и ги поздрави напорите за надминување на главната пречка.ж

„Македонија има клучна улога за мирот на Балканот и во регионот. Ние тоа .многу го почитуваме тоа и нашата поддршка ќе продолжи“, кажа Исмаил Кахраман, Претседател на Централното Собрание на Турција.

„Ниту една земја не е слободна доколку не е демократска“, рекол Кемал Ататурк. Спикерот Талат Џафери, во придружба на потпретседателот Весел Мемеди и на пратениците Енес Ибрахим и Јусуф Хасани потсети на овие зборови ставајќи го својот спомен потпис во мавзолејот на таткото на модерна Турција.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ