Македонските шуми се соочуваат со масовна сеча

Македонските шуми се соочуваат со масовна сеча од која голем дел не е влезен во регистрите на надлежните институции. Професорката Македонка Стојановска од Шумарскиот факултет во Скопје, вели дека станува збор за огромни количини дрвна маса.

Итни мерки за справување со овој проблем и кампањи за подгинување на јавната свест се повеќе од потребни вели професорката Стојановска.

Една од најголемите закани за шумите претставува дивата сеча со која се соочени скоро сите шумски појаси во државата. Освен намалувањето ан зелените појаси  неконтролираната сеча предизвикува и ерозии на земјиштето и претставува опасност од поплави.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ