Македонскиот јазик е бугарски дијалект, сметаат бугарските академици

Бугарската академија на науките смета дека македонскиот јазик е само дијалект на бугарскиот за што постојат цврсти докази и факти а повелбата за македонскиот јазик која ја усови МАНУ еполна со невистини.

За бугарските академици повелбата на МАНУ а не нивното тврдење дека се работи за дијалект е штетно за добрососедските односи. Бугарските академици едногласно заклучиле дека МАНУ направила замена на научни термини и едногласно застанале во како што се наведува „ одбрана на научните вистини и факти во врска со потеклото, историјата и карактерот на службениот јазик во Република Северна Македонија“.

Бугарска академија на науките:

„Ставот останува едногласен и непроменет – официјалниот јазик во Република Сверена Македонија е пишан-регионален стандард на бугарски јазик. Акаедмијата ќе се фокусира на овој научен факт со низа настани што ќе добијат широко јавно покритие и медиумско покривање не само во нашата земја, туку и во странство“

Претседателот на МАНУ верува дека има шанси да се договорат со бугарските колеги

Реагираше Институтот за македонска литература кои се на став дека негирањето на постоењето на македонскиот јазик активира политички инволвирања и е повреда на меѓународното право на себеидентификување.

Институт за македонска литература:

„Со ваквата изјава се негира постоењето на македонскиот јазик, литература, историја и култура и со тоа се врши негирање на македонскиот национален идентитет. За македонскиот јазик, литература, историја и култура се објавени стотици илјади монографии, студии, ставови и аргументи од реномирани домашни и странски академици со кои се докажува правниот и историски континуитет на македонската нација, која постои со македонскиот јазик“

Премиерот Зоран Заев смета дека прашањето околу македонскиот јазик Бугарија треба да го надмине и да го реши и не ја исклуи можноста за официјална реакција преку МНР за ставот на бугарските академици .

За историчарите ставот на бугарската академија е очекуван и е продолежние на реторика која ја водат научно политичките кругови во Бугарија со децении наназад. Проблем со негација имаат и членовите на мешовитата историска комисија бидејќи во записниците од состаноците се почесто се настојува да се изземе придавката македонски.

МАНУ пред десетина дена усвои повелба за македонскиот јазик според која Академијата ќе поттикнува истражувања во сите области поврзани со македонскиот јазик. Ќе ги афирмира најзначајните книжевни дела објавени на македонски јазик и ќе се залага македонскиот јазик да не биде предмет на равизии и толкувања кои излегуваат од научната сфера.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ