Македонскиот извоз во Русија намален за дури една четвртина – што понатаму?

За една четвртина е намален македонскиот извоз на производи во Русија. Во првите шест месеци од македонско-руската стопанска комора алармираат дека трговската размена бележи пад за речиси дест насто во однос на истиот период лани.

Бизнисмените велат дека падот не се должи на политички, туку на економски фактори. Особено неповолна била цената на македонските свежи производи како раната зелка со неконкуретната цена.

Лани од јануари до јуни македонските компании имале продажба од 41 милион долари, а годинава дури десет милиони долари помалку. Македонските трговци треба да се обидат да пласираат производи со зголемена додадена вредност покрај овошјето, зеленчукот, тутунот и лековите.

„Покрај земјоделските свежи производи, фармацијата и тутунот може да пласираме и производи со додадена вредност со што ќе го намалиме трговскиот дефицит со Русија кој поради енергенсите е голем“ вели Бешлиев.

Сепак, по денешната обука и семинар на македонска-руската комора постои оптимизам дека македонскиот извоз ќе се зголеми до крајот на годината. Исто така руски експерти изработија и преглед на рускиот пазар кој треба да им помогне на македонските претприемачи и стопанственици да се прошират во државата со речиси 150 милиони жители.

„Да се изгради развивање на брендовите, изградба на канали на продажба и како тие да се искористат подобро. Подготивме и еден преглед на рускиот пазар за македонските компании и секако сме подготвени да ги разгледаме сите следни чекори за подобрување на продажбата на македонски производи“ изјави Алексеев.

Алексеев вели дека Русија е убав пазар, додека пак за македонските производи дека се квалитетни и компаниите можат да постигнат голем успех со соодветна маркетинг стратегија. Целта годинава е вкупната трговската размена со Русија заедно со енергенсите да надмине 200 милиони евра.

Христијан Станоевиќ

https://youtu.be/SScCQLxhGIk

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ