
Македонски средношколци со изум кој открива отрови во воздухот
Громогласната сирена ја стресе училницата за да ни јави дека воздухот го загадуваат отровни гасови. Овој звук им е познат на Климентина, Томи и Александар, ученици на приватното училиште „Саба“. Останаа смирени, бидејќи тие го измислиле уредот кој ги препознава отровите во воздухот, свири и го вклучува прочистувачот.
Ова е тимот млади иноватори кои со средства од фондот за иновации, а со желба да им помогнат на луѓето кои се изложени на загаден воздух тргнале во истражувачки поход. Телма се обиде да ги пронајде и да ја пренесе нивната приказна.
Откако виделе проблем започнале да размислуваат како да го решат.
Детекторот и прочистувач на воздух нема да фати прав. Откако ќе го надградат во наредната година ќе се обидат и да го понудат на компании кои сериски ќе го произведуваат. Зад секој добар тим стои и квалитетен ментор. Наставникот Зоран Крстевски верува дека наместо млад кадар, Македонија во иднина ќе извезува квалитетни идеи.
2019-та ќе се впише како година во која идеите од нацрт станале реалност. Година во која средношколците твореле и помагале и го подобрувале општеството. Најголемиот проблем со кој се соочува Македонија бил причина уште една група средношколци да седне на биро и да смисли како помогне.
Електро-техчничкото училиште „Михајло Пупин“ во Скопје е првото училиште кое што само произведива електрична енергија, и училиште кое секој месец плаќа помала сметка за струја, благодарејќи на проектот на младите истражувачи.
Додека чекаат да ги огрее сонце за повеќе светлина и повеќе струја, се надеваат дека истражувањето ќе покаже дека од овој проект може да ги покрие сите училишта.
Оваа визија треба да биде препознанена од оние на кој тоа им е работа.
Деспотовски одговара и на најтешкото прашање од светот на иновациите – Дали е возможно младите да заработуваат од пронајдоците ?
Иста желба имаат младите иноватори, во 2019-та година државата да им одбобрува повеќе финансии за тие да можат да ги реализираат проектите кои што ги смилилие, но не сакаа да ги откријат заради конкуренцијата.
Павле Беловски