Македонската економија годинава со раст од 3,5 %

Македонската економија годинава ќе порасне 3,5 проценти, а до година 3,8. Народната банка останува на макроекономските проекции од април, но признава дека ризиците сега се зголемени,како од глобалната неизвесност, така и од ризиците од дома.

Гувернерката Бежовска вели дополнителен ризик се и изборите до година, кој е можно да го забават растот.

  • Искуството до сега упатува на тоа дека можно е да имаат влијание изборите на генерално забавување на економската активност, но оба што е карактеристичлно е вообичаено дека ефектите од тоа се чувствуваат во пократок период, така што можно е не е исклучен аможноста да има одредено забавување на економската активност но важно е во целиот овој период да се продолжи со структурните реформи“- изјави Анита Ангеловска Бежовска, Гувернер на НБМ, соопшти гувернерката Бежовска.

Двигател на растот ќе бидат домашната побарувачка, инвестициите и личната потрошувачка.  Проекциите на Народната банка се правени без податоците од Буџетот за 2020 – та година како и без новата фискална стратегија, кои според Бежовска можат да влијаат да има корекција на нивните проекции. Една од клучните претпоставки пак за остварување на макроекономското сценарио  се  јавните инфрастуктурни проекти, за  кои  до септември се искористени само 40 проценти од парите. Бежовска вели ако капиталните расходи драстично потфрлат и централната банка ќе ги корегира проекциите, а корекција е можна и ако има промени во владините проекции за буџетскиот дефицит кој пак директно влијае на зголемување на јавниот долг кој изнесува  48 проценти од БДП.

  • Факт  дека јавниот долг е значајно зголемен, тоа е двојно повеќе од нивото на кое што беше во предкризниот период. Но се гледа дека во последниот период тој во просек се одржубава некаде околу 48 проценти, минатата година ја заврши со 48,6 проценти и сега е нешто намален 47,7 проценти. Која би била натамошѓната патека ќе зависи пред се од буџетскиот дефицит и продолжувањето со фискалната консолидација “- додава Бежовска

И Владата како и Народната банка проектираше дека економијата годинава ќе расте 3,5 проценти, за разлика од меѓународните финансиски институции кои ни предвидуваат понизок раст на БДП, односно  околу 3,2 проценти.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ