Македонската асоцијација за рударство бара стопирање на измените во Законот за минерални суровини

Итно стопирање на измените во законот за минерални суровини со кои може еднострано да се раскинат договорите за концесија, бара Македонската асоцијација за рударство. Велат изненадени се од тоа што без јавна расправа и по скратена постапка се менува законот.

Со предлогот, на барање на локалното население, или доколку е загрозено здравјето и безбедноста на граѓаните, државата ќе може еднострано да го раскине договорот со концесионерот. Велат државата да одлучи дали воопшто ќе дозволи отворање на рудници, бидејќи со вакви решенија се стопираат инвестициите во овој сектор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ