Македонска крвна одмазда се пресели во Швајцарија- убиен Иштрефи, чии синови ги застрела кланот на убиениот Леку

Македонска крвна одмазда се пресели во Швајцарија, објавуваат тамошните медиуми откако пред две ноќи во гратчето Рути е убиен 51 годишниот Иштрефи, а случајот го поврзауваат со убиството на Дилавер Бојку Леку.

Непознат убиец од надвор испукал најмалку 6 куршуми и го застрелал Иштрефи кој бил во неговиот ресторан Мечки. Швајцарската полиција го истражува убиството, а локалните жители во своите изјави тврдат дека го избегнувале ресторанот поради раширените информации за наводни криминални врски на сопственикот. Првичните сомнежи се дека зад убиството се крие крвна одмазда поврзана со убиството на Дилавер Бојку.

Пред три години двајца синови на сега убиениот Иштрефи беа жртви на вооружена заседа во Струга, едниот загина, а другиот преживеа со тешки повреди. За убиството беа осудени братот и синот на Дилавер Бојку Леку. Две години подоцна Леку беше убиен на летна тераса, а убиецот досега не е откриен. Синовите на Бојку тврдат дека зад убиството стои ривалската фамилија, иако пак од семејството Иштрефи негираа и тврдеа дека тие се жртви на босот Леку.

-Во оваа фаза на постапката нема сомневање дека лицето кое е лишено од живот во Швајцарија учествувало во убиството на Дилавер Бојку, ни одговорија од  обвинителството на прашањето дали убиениот Иштрефи е осомничен.

Дилавер Бојку Леку беше познат и како балкански бос на проституцијата кој како закана беше поставен и на црната американска листа.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ