
Македонија за првпат седнува на масата на НАТО Алијансата
Македонија денеска за првпат седнува на масата на НАТО Алијансата. Свое столче има Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која ја застапува Македонија на министерскиот состанок на Алијансата, за прв пат како извесна идна членка на НАТО.
Утринава добредојде и посака генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој рече дека поставувањето на знамето на НАТО пред македонската влада е голем чин, по кој наскоро очекува да бидеме примени во Алијасата како 30-та земја членка.