
Македонија воведе забрана за увоз на месо од бразилски фирми
Македонија воведува официјална забрана за увоз на пилешко и говедско месо од Бразил од одреден број на компании, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство на својата веб страница. Оваа забрана ја вовела Евроспаката унија, а според информациите, земјава ги следи нивните чекори.
Од АХВ велат дека во соработка со дипломатското претстафвништво на земјава во Бразил, за овој потег на 26 април годинава ја известила и Стопанската комора на Македонија, со цел да се известат фирмите кои увезуваат пилешко и говедско месо од Бразил, за можноста од внесување на небезбедно месо. Агенцијата за храна презеде соодветни превентивни мерки и засилени контролни активности на граничните премини на сите видови пратки кои потекнуваат од Бразил. Од сите пратки, без исклучок, се земени мостри за лабораториски анализи за утврдување на безбедноста на пратката. Пратките се одобруваат за увоз по добивање на задоволителни лабораторсики наоди, што гарантира дека се безбедни за употреба, објаснуваат од АХВ и додаваат дека ќе продолжат со засилени контроли и во наредниот период.