Македонија в среда очекува покана за членство во НАТО

Македонија в среда ќе ја добие поканата за НАТО, во која како забелешка ќе биде ставено дека таа е условена со исполнувањето на Договорот за името со Грција, но нема да има забелешки за политички критериуми, како поканата за ЕУ. Поканата за Македонија, според последниот драфт кој го имам македонската влада, ќе биде со иста формулација како и за Црна Гора, но и Албанија и Хрватска, последите три примени членки на НАТО.

„Во процедурата за Македонија нема да има ништо различно од процедурата за приемот на другите земји“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Според Шекеринска земјава има историска шанса, со која нема да се решат сите проблеми , но ќе бид емотив плус да се завршат сите работи до полноправно членство.

Националниот кооориднатор за НАТО, Стево Пендаровски детално објаснувајќи ја процедурата за приемот на Македонија посочи дека по формалниот прием на поканата и позитивниот одговор од Македонија, земјава на Алијансата ќе и достави мини предлог програма за членство на три месеци, што всушност ќе го означи стартот на преговорите за членство во НАТО кои траат меѓу три и шест месеци. По окончувањето на преговорите, чија брзина најмногу ќе зависи од имплементацијата на Договорот со Грција за промена на името, земјава ќе потпише Протоколот за пристапување, кој ќе им се испрати на сите 29 земји членки на ратификација. Притоа беше појаснето дека Грција истовремено ќе ги ратификува пристапувањето на Македонија во НАТО, заедно со ратификување на договорот за името. По ратификацијата на Протоколот од сите НАТО-земји, Македонија ќе стане полноправна членка, иако и во меѓувреме ќе присуствува на соатноците на НАТО.

Од Владата велат дека се свени дека постојат услови за одложување на целиот процес, поради неформирањето на ДИК и условувањето од страна на  ВМРО-ДПМНЕ, но оти прават се тоа да се не сличи.

„Тоа за нас ќе биде стратешки штетно. Не е проблем ние да загубиме два –  три месеци, но светот не стои. Сакаме брзо да го завршиме овој процес бидејќи сега имаме шанса, сега има мнозинство во парламентот на Грција да се ратификува Договорот, оти по изборите кај нив не знаеме што ќе се случи, а тоа го знаат и во НАТО, така што на сите ни се брза“, рече Шекеринска.

Таа притоа рече дека секое одолговлекување на процесот значи пролонгирање на членството во НАТО и оти секој треба да ја сноси својата одговорност за тоа. Шекеринска за барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се смени Законот за Влада па потоа да гласа за ДИК рече дека тоа е само барање причина да не се избере ДИК, за која е постигнат меѓупартиски договор. Таа упати повик до сите политички фактори да не дозволат пак да се уништи шансата за Македонија во НАТО поради ситни политички интереси и оти ќе надвладее разумот.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ