Македонија стана дел од иницијативата за муниција за копнено војување

Македонија денеска се приклучи кон  иницијативата за муниција за копнено војување „Паметна одбрана“. Меморандумот за разбирање од страна на Македонија во седиштето на НАТО го потпиша министерката за одбрана  Радмила Шекеринска. Меморандумот за разбирање го потпишаа 17 министри за одбрана од земји-членки на НАТО, и Финска, партнер на НАТО.

Меморандумот за разбирање воспоставува рамка која обезбедува групирање на националните краткорочни и долгорочни планови за набавки на муниција за копнено војување. Со тоа земјите-членки на оваа иницијатива ќе добијат муниција по пониски цени, ќе ги хармонизираат залихите и ќе имплементираат заеднички решенија за складирање на долг рок.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ