Македонија пред нов четири- дневен полициски час

Од утре почнува да се празнува Духовден, пред нас е уште еден картин, продолжен викенд во кој граѓаните ќе останат во своите домови. Верскиот празник и обичајот цели семејства да одат на гробишта и да раздаваат храна во спомен на умрените причина плус властите да одлучат да  прогласат плициски час. Пред гробиштата во Македонија од утре ќе има полициски пунктови . Затоа дел од нив одлучија да одат да отидат денес и за да запалат свеќа . Од тоа не се откажуваат , но велат дека го почитуваат законот и од утре ќе останат дома.

На овие гробишта секоја година за Задушница има огромен метеж , се бара место плус за паркинг , продавачките на цвеќиња и свеќи не можат да постигнат со работа, а на главната улица полицајци го регулираа собраќајот. Ама таа слика годинава е поинаква. Со луѓето со кои заборувавме ни кажаа дека оваа година нема многу гужва како лани и годините претходно.

Празникот овој јуни се прославува поинаку, ама правењето залихи, долгите редици пред маркетите ,продавниците и месарите слика преслика од подготовските за претходните 3 викенд карантини. Во Скопје како најголемото жариште на корона вирусот  овој пат граѓаните мора да седат дома од 21 часот вечерва до понеделник до 5  часот наутро. Оние кои што зборуваа пред нашата камера велат дека немаат ваквиот полициски час е неопходен , бидејќи бројките од ден на ден растат.

А кафеаните , ручеците и дружбите со пријателите ќе почекаат , бидејќи рекордните бројки на заразени со корона вирусот ќе им стават клучна врата викендов.

Епидемиолошката крива расте, новата нормалност што ја чекаме не однесе во четиридневен полициски час. Граѓаните со маски на лицето брзаат да купат се што им е потребно за викендов, на градскиот плоштад се слуѓаат звуците од инструментите на уличните свирачи , кои за неколку часа ќе бидат заменети со звукот на сирените на полицијата.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ