Македонија подготви билатерален договор за регулирање на односите со Британија по Брегзит

До крајот на декември 2020 година за Велика Британија ќе важи правото и сите меѓународни договори и документи на Европската унија. За Македонија тоа значи дека во тој период, важечките билатерални и мултилатерални договори меѓу нашата држава и ЕУ, ќе продолжат да важат и да се применуваат и во билатералните односи со Британија. Меѓу поважните договори, чија примена ќе трае во тој период е Спогодбата за стабилизација и асоцијација која ги регулира трговските и економските односи со Унијата, а со тоа и со Британија. Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во интервју за Телма вели дека македонската влада веќе подготвила билатерален договор со кој ќе се уредат економските и трговски односи со Британија по истекот на транзицискиот период. Според најавите, Договорот треба биде усвоен од владата до средината на февруари.

Жерновски во интервјуто освен за идните односи со Британија, говори и за очекувањата од објавувањето на новата методологија за преговори на ЕУ и агендата која следи потоа за Македонија.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ