
Македонија подготвена за преговори, но датумот зависи од волјата на ЕУ
Со заокружување на Преспанскиот договор, Македонија ќе го исполни политичкиот критериум за старт на преговори за членство во ЕУ, но не е докрај извесно дека во јуни ќе го добие датумот за нивно отпочнување. Оптимизам дека ќе има датум споделуваат и во Владата и во граѓанскиот сектор, но резервираност сепак постои.
„Сепак тое е двостран процес, кој што зависи и од состобата во самите земји-членки и од резултатите од зиборите во ЕП. Од новата ЕК. Сигурен сум дека Макеоднија ќе биде спремна, меѓутоа не го знам тој факторот од другата страна дали на тој ден ќе биде спремен да ја донесе одлуката“, Бујар Османи, Вицепремиер за европски прашања.
„Има многу фактори кои не зависат исклучиво од нас и она како ние ќе ги спроведене реформите. Сепак во Советот седат 28, сега ќе бидат 27 земји и сето тоа е политичка одлука“, вели Зоран Нечев, истражувач, истражувач во Институт за демократија.
За реформите ставовите се различни. Османи вели дека е направен пробив во клучните области – судството, безбедносните служби, борба против корупција, администрацијата. Според Нечев пак реформите во некои области доцнат, но оти има време тие да се спроведат до јуни. Она што мора да се избегне, вели тој, е да се мисли дека ратификација на Договорот од Преспа ќе биде доволно Македонија да започне преговори. Чисто досие за реформите е неопходно, додадав тој.
Забелешки има и за оформувањето на структурата на преговарачките тимови. Институтот за демократија објави документ во кој се наведува дека Владата не е доволно транспарентна во тој процес.
Вицепремиерот Османи, потврдува дека структурата не е дооформена, но со објаснување дека се уште се бара моделот за тоа.
„Ние направивме мапирање на институциите кои што треба да бидат вклучени. Направивме оглас за НВО секторот, од надвор од администрацијата кои што исто би се вклучиле во процесот. Тој оглас заврши имаме 200-300 сериози апликации. Побаравме од МАНУ да ни даде листи на експерти за секое поглавје. Ние ги имаме сите податоци сега, само треба да се решиме за моделот“, вели Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.
Ставот на Нечев е дека Владата мора да излезе со јасна преговарачка структура.
„Структура која што ќе биде отпорна на било какви политички потреси, избори, промени на власта. Политичарите оние кои што се на функција кажуваат дека ние имаме капацитет за преговори. Но ние се уште немаме видено една анализ, издржана структира на преговори, во која што ние ќе бидеме уверени дека тој капацитет го имаме“, вели Зоран Нечев, истражувач, истражувач во Институт за демократија.
За 2025 година како година во која Македонија би можела да стане членка на ЕУ, и двајцата се на став дека е тоа достижно.
„Доколку сме спремни можеме да го стигнеме тој воз 2025. Она што останува на нас е содветно да се подготвиме“, вели Зоран Нечев, истражувач во Институт за демократија.
„Изјавата на Хан дека Макеоднија е подготвена да ја фати 2025 година беше изјава на годината“, е ставот Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.
Тамара Грнчароска