
Македонија подготвена за посетата на Папата Франциск
Македонија е подготвена пред утрешната посета на папата Франциск.
Во центарот на градот, плоштадот и долж рутата по која ќе се движи папата се поставуваат оградите, а екипи ги чистат и крпат улиците.
Во Скопје веќе пристигнаа и првите новинарски тимови кои ќе ја следат посетата на папата како и верници од околните земји кои ќе присуствуваат на утрешната свечена миса.
Димовски потенцираше дека посетата на папата доаѓа во многу важен пердиод за нашата држава, ја зацврстува внатрешната кохезија и солидарноста и е настан кој долго се чекаше.
Од министерството за здравство информираат дека во Клиничкиот центар нема да може да се влезе во автомобили од понеделник попладне па се до заминувањето на патата а сите прегледи во рамките на „Мој термин“ закажани за вторник се откажуваат и ќе бидат презакани во најбрз можен временски рок. Пациентите од целата држава ќе можат непречено да ги добијат неопходните здравствени интервенции а доколку има потреба да ги користат Воената болница и поранешната градска болница, додека Клиничкиот центар ќе прима само итни случаи.
Од МВР соопштија дека посебни безбедносни протоколи ќе важат за утре а тие предвидуваат забрана на сообраќајот во дел од центарот на Скопје и пренасочување на сообраќајот кон скопскиот аеродром и влезовите во градот. Во строгиот центар и околу плоштадот ќе се вршат безбедносни проверки и легитимирање на минувачите, граѓаните и посетителите на мисатата па затоа од полицијата потенцираат дека е неопходно носење на документи за лична идентификација
Надлежните апелираа до граѓаните кои живеат во центарот на градот утре да се воздржат од користење на возила, а сите кои работат во центар, половина час порано да тргнат кон работното место поради евентуалниот застој и безбедносните проверки.
Огнен Чанчаревиќ