
Македонија по девети пат дел од акцијата „Часот на планетатата земја“
Милиони луѓе ширум светот преку симболично исклучување на осветлувањето ќе испратат порака за спас на планетата Земја, заеднички да ги промениме климатските промени и да ја подигнеме свеста за намалување на биодиверзитетот. И оваа година Македонија со рекорден број, над 80 локации потврдени низ целата територија кои ќе потонат во едночасовен мрак, се вклучува во еколошката акција „Часот на планетата Земја“.
Во централното градско подрчаје со поддршка на градот Скопје во мрак ќе потонат Плоштад Македонија заедно со спомениците и сите оние објекти покрај кејот на Вардар почнувајќи од Македонскиот народен театар се до Министерството за надворешни работи. Во акцијата ќе земат учество и скопските општини Аеродром , Карпош Гази Баба и Ѓорче Петров со голем број паркови и плоштади. Во Охрид во мрак ќе потонат црквата Св. Јован Канео и Самоиловите тврдини, а во Пехчево во мрак ќе потоне единствената адреналинска патека во Македонија.
Веќе традиционално и ЕВН Македонија се вклучува во одбележувањето на оваа глобална акција со симболично исклучување на светлечките реклами во 20 часот и 30 минути и концерт на плоштадот Македонија, каде заедно со волонтерите на Црвениот крст ќе биде испишано логото 60+ со петстотини свеќи.
Кога центарот на Скопје ќе потоне во мрак сите посетители на плоштадот Македонија ќе може да уживаат во акустична музика и забава во боја ги покануваме сите да бидат таму ќе биде интересно да се дожовее сето тоа кога насекаде околу вас е темница и мрак, а вие ужовате во музика или игра на бои.
Со помош на Црвениот крст и нивните 34 канцеларии ќе бидат организирани манифестации во сите општини и локации низ Македонија кои годинава потонуваат во мрак за Часот на планетата Земја.
Во Прилеп граѓаните ќе бидат особено активни така што ќе организираат ноќна трка од 5 км низ улиците на самиот град и крајната дестинација е Паркот на револуцијата каде што исто така ќе бидат исклучени светилките и ќе бидат запалени свеќичките.
Во рамките на еколошката акција во Македонија ќе бидат засадени илјадници дрва во скоро сите локации кои вечерва ќе потонат во мрак за „Часот на планетата Земја“. Своја поддршка кон акцијата најавија Македонски телеком кои ќе ја исклучат административната зграда во центарот на Скопје и цементарница Усје која ќе ги исклучи светилките и сите мелници за цемент во својата фабрика.
Нина Стефанова
Снимател: Јане Марковски